Стихозбирката „На погрешната страна“ е своевиден амалгам на вештината на управување со зборот на авторот и насобраната мудрост, пренесена преку кристално чисти и бескрајно хумани пораки. Стиховите на Авировиќ никого нема да остават рамнодушен. Тие удираат директно во стомакот и срцето, при тоа интензивно делувајќи врз мозочните клетки. Со други зборови, „На погрешната страна“ го има оној непроценлив квалитет, неопходен за секоја врвна уметност – ве тера на размислување, при тоа приредувајќи ви непроценливо естетско искуство.
Sвездан Георгиевски, рецензент
„На погрешната страна“ е второ книжевно дело на Пајо Авировиќ, а прва збирка поезија.

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
– Потесен избор за наградата „Браќа миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 2020 година
Гледано од брегот Морето е поделено на две бои: Блиску до нас луѓето е црно Како да ги испило сите валканици на светот Од средината е веќе небесно сино Далеку од нас е вистинско море Црно за луѓето сино за галебите Што вреди и да сме на вистинската страна на историјата Кога сме на погрешната страна на морето
Пајо Авировиќ – „На погрешната страна“
Илустрација на корица: Зоран Кардула
Категорија/жанр: Поезија
Едиција: Корија
Формат: А5
Повез: мек
Број на страници: 96
ИСБН: 978-608-66234-5-6
Година на издавање: 2019
Пингување: Една година во „Чудна шума“ – Чудна шума
Пингување: Пајо Авировиќ со стихозбирката „На погрешната страна“ – кандидат за наградата „Браќа Миладиновци“ | Чудна шума