Автори
Comments 5

Билјана С. Црвенковска

Билјана Црвенковска, писателка, сценарист и преведувач, магистер по филозофски науки. Автор е на повеќе романи и илустрирани романи за деца: „Што сонуваше Дедо Мраз“, „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“, „ТКЦП: Канџа во мракот”, „ТКЦП: Замокот на илјада мачки”и „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград”. Автор е и на голем број сликовници и книги со активности, особено сликовниците од серијалот „Светот на Биби”: „Биби, Боби и куќичката од чоколадо”, „Биби и џиновите”, „Биби, Боби и змејот”, „Биби, Боби и чудовиштето од Охридското езеро”, „Биби, Боби и непослушното јајце”, „Книга на знаења”, „Моите омилени места”, „Светот на Биби од А до Ш”, „Скриената долина”…

Од книгите кои не се за деца, автор е на еден роман „Девет приказни за госпоѓица Сит”, на графичката новела „Девојчето кое танцуваше со пролетта”, на стручниот труд од областа на семиотиката: „Митски лавиринт: патување низ митските слики“, како и на повеќе научни есеи и трудови, театарски критики, новинарски текстови и колумни. 

Црвенковска е автор на сценаријата за анимираните филмови од серијалот „Светот на Биби”, а еден од сценаристите е и на сериите за деца „Пет Плус фамилија” и „Зоки Поки”. 

5 Comments

  1. Пингување: Чудна шума со неколку награди на Саемот на книгата – Чудна шума

  2. Пингување: Чудна шума со неколку награди на Саемот на книгата | Чудна шума

  3. Пингување: Пајо Авировиќ со стихозбирката „На погрешната страна“ – кандидат за наградата „Браќа Миладиновци“ | Чудна шума

  4. Пингување: пишувајте, цртајте и допатувајте на планетата Зана |

  5. Пингување: Пишувајте, цртајте и допатувајте на планетата Зана |

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s