Девет приказни за госпоѓица Сит

Финалист за Роман на годината за 2019 година, Фондација „Славко Јаневски“

Таа нечујно се движи на работ на сенките, кај што тие едвај видливо се милуваат со месечевите места. А потоа, тивко преде приказни на границата меѓу реалноста и фантазијата, онаму кај што се допираат јавето и сонот. Женски приказни, длабоки и потресни, понекогаш љубовни, тивки или гласни, нежни или моќни… 

Девет приказни за госпоѓица Сит – роман на Билјана С. Црвенковска

цена: 250 ден.


„Девет приказни за госпоѓица Сит“ од Билјана С. Црвенковска е обмислен и внимателно структуриран роман. Функционира и како збирка раскази и како роман составен од една основна приказна-рамка што содржи девет други приказни, низ кои се провлекуваат неколку заеднички лајтмотиви. Тивкото чекорење на мачката – вистинска, замислена, симболична – но и нејзините ненадејни појавувања ги врзуваат во цврста композиција нишките од наративните месечеви мени и фуги. Во расказите се прикажани ситуации во кои сите протагонистки се наоѓаат на некаков крстопат, ситуација во која мора да донесат тешка одлука.

Калина Малеска, писателка и рецензент на книгата

Цитати од романот

„– Што е тоа што потпевнуваш?

– Мелодијата.

– Која мелодија?

– На романот. Кога ќе го претвориш во музика, ја добиваш оваа мелодија.

– Звучи тажно.

– На моменти мелодијата е тажна, но потоа станува весела или моќна или силна или стравотна. Исто како и романот, впрочем.

– Значи, сега пишуваш нешто тажно… Што напиша?

– Ќе ти раскажам подоцна. Во моментов не ми се зборува за тоа. Слушај ја мелодијата, ќе разбереш.“


„Чувствуваше гадење во стомакот што не можеше да го објасни. Како внатре во желудникот да имаше нешто живо што клокотеше и вриеше, нешто што сакаше да излезе надвор! Се стрча накај бањата, но се сопна и падна на колена. Желудникот ѝ се крена нагоре и од устата ѝ излета чудовиштето: темна сенка, страшило, чедо на стравот и колебливоста. Се истркала пред неа како топче и се стопи со сенките во собата.

Сега ја демнеше оттаму, од сенките, чекајќи да види што ќе стори. Чекајќи да згреши. Еден погрешен чекор и повторно ќе ја зграпчи. Ќе се всади внатре во неа, овој пат многу подлабоко!“


Потстана и се обиде да зачекори. Болеше. Повторно седна на карпата и го разгледа местото. Сега веќе не изгледаше толку волшебно, туку студено и туѓо. Додека седеше, сè повеќе застудуваше, а онаа магличавост небаре стануваше густа магла, заканувачки обиколувајќи ја чистинката, голтајќи парче по парче од неа со секој изминат миг. Сè околу неа сега изгледаше несфатливо нереално, како во кобен сон што навестува нешто ужасно.

Уште почудно, но таа како да престана да се плаши. Може ми било судено, си рече. Да си појдам вака. Сама како утка. И онака не ми се живее без него. Не ми се живее… без него… не ми се… без него… живее…

Речиси ги затвори очите. Речиси се помири. Речиси. Но, крошните на дрвјата зашумолија, а низ чистинката се прикраде кротко ветре, бркајќи ја маглата како куче залутано стадо овци.


Прочитајте извадок од книгата


Билјана С. Црвенковска – „Девет приказни за госпоѓица Сит“

Илустрација на корица: Зоран Кардула

Категорија/жанр: роман

Едиција: Дабрава

Формат: А5

Повез: мек

Број на страници: 152

ИСБН: 978-608-66234-4-9

продажна цена: 250 ден.

3 comments

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s