Day: 13th Март 2020

Мравка

Мравките, како и нивните подалечни роднини пчелите, се инсекти што живеат во заедници, односно во колонии. Нив ги има речиси на сите континенти, освен на Антарктикот. Во светот постојат повеќе од 12.000 видови мравки. Зависно од видот, во еден мравјалник можат да живеат дури и милион мравки! Слично како и кај пчелите, во колонијата живее кралица, која е задолжена за положување јајца и за создавање нови генерации мравки, женски работнички и машки мравки кои ја оплодуваат кралицата. Кралицата и мажјаците имаат крилја, а женските работнички немаат.  Во колонијата мравките-работнички имаат повеќе задачи: да наоѓаат и да собираат храна, да бидат војници кои ја штитат кралицата и ја бранат колонијата, да се грижат за јајцата и бебињата-мравки и да го градат мравјалникот. Една мравка може да подигне товар дури 20 пати поголем од нејзината тежина!

Гасеница малечка

од Ана Голејшка Џикова Гасеница малечка на гранка седи и плаче. Ја задеваат бубалките, личела на маче.   Пркна нов ден. Гасеница слече јакна, протри нежно очиња и денот го бакна. Полета нежно на крилца во сите бои. Пеперуга сум, бубалки и убаво ми стои. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik. Од истата авторка:

Пчела

Пчелите се инсекти што живеат на сите континенти на Земјината топка, освен на Антарктикот (Јужниот Пол). Нивни најблиски роднини се бумбарите, а подалечни – осите и мравките.  Пчелите живеат во колонии, со една кралица која раководи со целата кошница. Кралицата положува јајца од кои се раѓаат нови генерации мали пчели. Во една кошница најчесто има само една кралица.  Пчелите-работнички се женски пчели и нив можеме да ги видиме како летаат околу кошницата. Тие наоѓаат и собираат храна (полен и нектар од цвеќињата), ги градат ќелиите и ја чуваат кошницата. Најинтересно е што пчелите-работнички имаат посебен танц! Тие умеат, со извивање на телото што личи на танц, да им го покажат на своите друшки изворот на храна што го пронашле.   Машките пчели, пак, се викаат трутови и тие не се корисни ниту за работа ниту, пак, за чување на кошницата, но ја оплодуваат кралицата. Сепак, кога ќе дојде зимата и кошницата се затвора за да преживее, другите пчели ги исфрлаат трутовите надвор! Луѓето чуваат пчели од дамнешни времиња, повеќе од 4.000 години. Освен што прават вкусен и …

Броење

од Емили Пулсон Еве ја кошницата. Но, каде се пчелите? Скриени длабоко во ќелиите. Наскоро ќе излезат од нив во лет Една! Две! Три! Четири! Пет!   Еднаш видов мравјалник,  но мравки немаше таму, Па реков: „Мравчиња, ве молам, дојдете ваму.“ И како да ме слушнаа длабоко во нивниот дом – и излегоа надвор: Една! Две! Три! Четири! Пет! – во мојот зелен двор.  препев: Билјана Црвенковска Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik.

Еж

Ежовите се мали цицачи што живеат во дивина, претежно во шуми, ливади, градини, мочуришта и пустини, во Европа, Африка и во Азија. Дење спијат под лисјата или во дупки во земјата, а ноќе излегуваат надвор да јадат, и тоа: инсекти, пајаци, паднато овошје, мали глувчиња, полжави, гуштери, жаби, јајца, па дури и змии! Ежовите имаат боцки по целото тело, освен на лицето, нозете и стомачињата. Тие им служат за да се заштитат од опасности, и кога спијат, но и кога се нападнати. Кога се нападнати, тие умеат целите да се склопчат во топка од боцки, со вовлекување на главчињата, опашката и нозете.  Нивните боцки се меки и кратки кога ќе се родат. Но, набрзо им се издолжуваат, се стврднуваат и стануваат многу поостри. Верувале или не, иако претежно остануваат на земјата, сепак ежовите знаат и да се качуваат на дрвја, а и да пливаат!

Пеперуга

Пеперугите се прекрасни со нивните нежни, разнобојни крилја и сите ги сакаме. Но, дали знаете дека тие се раѓаат како нешто сосема друго, а потоа минуваат низ фантастична трансформација – процес наречен метаморфоза? Метаморфозата или преобразбата се одвива во четири фази:  Фаза 1: Јајце Откако женската пеперуга ќе положи јајца, најчесто на лисјата или на стебленцата од растенијата, во јајцата почнуваат да се развиваат малечки гасеници.  Фаза 2: Гасеница Кога ќе бидат доволно пораснати, гасениците излегуваат од јајцата и се запознаваат со надворешниот свет. Односно, тие веднаш почнуваат да јадат! Веднаш ги јадат лисјата на растението на кое биле, а потоа продолжуваат да јадат и да јадат и да јадат… сè додека не пораснат дури 100 пати поголеми откако кога излегле од јајцата! Фаза 3: Кукла Откако целосно ќе порасне, гасеницата се формира во кукла (или chrysalis), со тоа што се завива во цврста обвивка на некој скриен дел од лист или стебло на некое растение. Внатре во обвивката гасеницата полека се преобразува во пеперуга! Фаза 4: Пеперуга А кога пеперугата е подготвена да излезе надвор, …

Број до десет со гасениците!

Две весели гасеници, броеле до десет: Еден! Два! Три! Четири! Пет! Шест! Седум! Осум! Девет! Десет! Гасениците ги изеле сите десет ливчиња, а потоа – се претвориле во пеперуги! Сакаш ли да броиме со пеперугите, до десет, на англиски јазик?

Зајак

Зајаците се цицачи што живеат во групи, најчесто во тунели и простории што ги копаат под земјата. Живеат претежно во шуми и ливади. Иако потекнуваат од Европа, денес ги има на речиси сите континенти, освен на Антарктикот и на некои острови во Југоисточна Азија. Сепак, постојат многу видови зајаци кои се разликуваат по многу работи, од тоа каде живеат, до нивните надворешни карактеристики. Покрај дивите зајаци, постојат и питоми. Неколку интересни факти за зајаците: – Забите на зајакот никогаш не престануваат да растат! Но, тие се трошат со грицкањето трева, полски цвеќиња, корења, лисје, кора од дрвја и различни зеленчуци.  – Кога е среќен, зајакот изведува посебен скок во воздухот! –Очите на зајакот се наоѓаат странично на неговата глава, што значи дека тој може да гледа на сите страни околу себе. Тоа му помага брзо да ја забележи опасноста и да избега. Покрај очите, неговите долги уши му овозможуваат оддалеку да ги наслушне грабливите животни. – Исто како и мачките, и зајаците предат кога се задоволни и опуштени!