од Емили Пулсон

Еве ја кошницата. Но, каде се пчелите? Скриени длабоко во ќелиите. Наскоро ќе излезат од нив во лет Една! Две! Три! Четири! Пет! Еднаш видов мравјалник, но мравки немаше таму, Па реков: „Мравчиња, ве молам, дојдете ваму.“ И како да ме слушнаа длабоко во нивниот дом – и излегоа надвор: Една! Две! Три! Четири! Пет! – во мојот зелен двор.
препев: Билјана Црвенковска

Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik.