
Designed by jcomp / Freepik
Ежовите се мали цицачи што живеат во дивина, претежно во шуми, ливади, градини, мочуришта и пустини, во Европа, Африка и во Азија. Дење спијат под лисјата или во дупки во земјата, а ноќе излегуваат надвор да јадат, и тоа: инсекти, пајаци, паднато овошје, мали глувчиња, полжави, гуштери, жаби, јајца, па дури и змии!
Ежовите имаат боцки по целото тело, освен на лицето, нозете и стомачињата. Тие им служат за да се заштитат од опасности, и кога спијат, но и кога се нападнати. Кога се нападнати, тие умеат целите да се склопчат во топка од боцки, со вовлекување на главчињата, опашката и нозете.
Нивните боцки се меки и кратки кога ќе се родат. Но, набрзо им се издолжуваат, се стврднуваат и стануваат многу поостри. Верувале или не, иако претежно остануваат на земјата, сепак ежовите знаат и да се качуваат на дрвја, а и да пливаат!