приказни за почетно читање
Овие приказни можат да се читаат и како комбинација од текст со цртежи, или само како текст, зависно од возраста на читателите.


Убав пролетен ден на фармата!
Сонцето грее и ги милува цвеќињата.
Пчелите и пеперугите летаат од цвет на цвет.
Животните се надвор. Ене ги патките во езерцето.
– Кре, кре – ги поздравуваат жабите кога ќе ги видат.
Тука се и кокошката, петелот и малите пилиња.
Но, кој им дошол во посета? Тоа се една верверичка и едно зајаче.
Кравата пасе трева, овцата лежи и се сонча, а свињата се лади во калта.
Кучето и мачката се бркаат.
– Полека, полека – вреска по нив мисирката.
А белата коза се смее на нејзин начин: – беее, беее, беее.
Коњот и магарето весело трчаат по зелената ливада.
Навистина, прекрасен ден на фармата!