Жирафите се цицачи што живеат во африканските савани, низ кои секогаш се движат во групи кои ги води еден мажјак-жирафа. Тие, со нивните долги вратови, се највисоките копнени животни на светот, со висина од над 5 метри – што значи повисоки од тројца возрасни луѓе! Висината на жирафата, нејзиниот врат и одличниот вид ѝ помагаат оддалеку да ги забележи предаторите (грабливите животни), како лавовите и хиените. Инаку, жирафите се хербивори, што значи дека се хранат само со растенија. Омилено јадење им се листовите и цветовите од дрвото акација. Со своите долги јазици жирафите успеваат да ги досегнат и највисоките листови на дрвјата. Покрај тоа што се високи џинови, жирафите имаат и огромен апетит. Тие можат да изедат дури 45 килограми лисја и гранки во еден ден! Но, затоа не им треба многу вода, оти ја добиваат преку лисјата што ги јадат, па пијат вода само еднаш во неколку дена. Интересен е фактот дека жирафите речиси и не испуштаат никакви звуци, освен во периодот на парење – кога мажјаците испуштаат звук сличен на кашлање. Мажјаците-жирафи се познати и …