од Ава Костуранова и илустрација на Ване Костуранов

Ах, овој чуден свет денес видов зајак во лет, мачка што плива и куче со грива. Во шума волк да најдеш невозможно ќе биде. Волците во училишни клупи седат тројки, четворки и петки редат. Лиска, пак, тргнала велосипед да вози, а шепите едвај педалите ги стигаат. Падни, стани, по цел ден така ама сè се може ако се сака. Во овој свет сè е можно, и зајакот да лета и мачето да плива, ништо не е невозможно кога се фантазира.