од Ана Голејшка Џикова

Иде пролет деца сонце силно светка од сон се буди Меца пеперуга си летка Денот се растегнува дрвјата нежно пеат натежнати на гранките црешите се смеат Глеј, поточе брза до реката да стигне брезата се нишка до небо ќе се вивне Јоргован нежно цути, тревичка свежа расне сѐ е убаво во пролет и ние убави да сме!
Од истата авторка: