од Владимир Лукаш
Слаткото творче се шетало в шума засмрдело борче та седнало да дума. „Црно-бело сум, да и смрдам како твор... Но добричко сум јас ако сум чуден створ“. И така, творчето думало в бујното шумско маало, бркало летулки перјани кога одеднаш – вонземјани. „Што си ти?“, го прашале. – „Творче Смрдливко“. Вонземјаните рекле: „Машала, уште едно чудо брливо“. И на нос ставиле штипки вонземјаните што личеле на рипки, го кренале творчето под мишка и летнале од шумата скришно. Сега, творчето низ ѕвезди плови и маглини со поглед лови. „Знаев дека некој ме сака“, си помислило и вселената ја избришала неговата мака.
Од истиот автор: