од Драгана Заревска (Телемама)

Мадлен беше необична мува со хобија разни: списанија за архитектура чита, на јога утринска ита, стари ЦД-а чува. Во бавчата на дедо Мадлен често волонтира, комшијата го кара кoга отпад не сортира: – Па, не може така, чичо Јоцо не оди тетрапак со метална конзерва, пластично шише, лушпи од кромид и етикета, па, дали си чул ти за Тунберг Грета? Чичкото малце се заплетува и да научи што не знае – ветува.
илустрација: Телемама