од Ника Гавровска

Сакам надвор – рече Гаврош. Не можеме да одиме надвор – му одговори мајка му. Ајде да излеземе. А сакаш да одиме на балкон? Не. Сакам надвор да одиме. Ај да видиме кој има надвор од балкон. Излегоа на балконот. На улицата немаше никој. Гледаш, никој не шета. Ама има сонце. Ќе зајде за кратко. Зошто нема никој надвор? Им се спие. Зошто им се спие дење? Се умориле од ноќта. Па што правеле? Правеле снег. Каков снег? Го спремаат снегот за утре. Утре ќе има снег? Да. Кој ти кажа? И јас работев со нив. А тебе не ти се спие? Ми се спие. Сакаш да си легнеме? Сакам надвор.
илустрација: Ника