Day: 24th Март 2020

Песна за мојата песка

од Владимир Лукаш За роденден на Вини ѝ подарив пингвини.   Како се случи тоа?    Бев до Јужниот Пол да купам мразулна сол, кога в дуќан за смрзнати лингвини видов два тажни пингвини. „Што ви е, другари?“, ги прашав додека готвачот вареше грашок. „Сите од нашето племе ни велат дека сме луди… а ние сакаме топло време, зашто тука ни студи.” Кутри птички поларни, ич не им е арно… Да ги земам ли со себе, да ги вдомам покрај парно? „Побрзајте другари, веќе е мрак, спакувајте само по еден фрак. Последниот лет е за час: Ако ни кидне – тешко нас!” Пингвините в ранец ми скокнаа и од радост песничка клокотнаа: „Јуху, ура, клококлот, еве го нашиот пилот! В земја топла тој ќе нѐ носи, ќе видиме течни утрински роси!” Пристигнавме по недела цела од таа далечна пустина бела, и со ранец полн пингвини на порта ме начека Вини: „Ав, ав, ура, јупи! За роденден што ми купи?“   И така, за роденден на Вини ѝ подарив премрзнати пингвини. илустрација: Лукаш Од истиот автор:

Носорог

од Лидија Димковска Еден носорог реши  месојад да стане за да може и тој  во фаст-фуд да се храни, но таму хамбургери  сакаа од него да прават, па избега велејќи си:  „Тревата е најздрава“.  Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik.