Day: 25th Март 2020

Песната на Лумалу

Приказни од Sунливото море од Билјана С. Црвенковска – Не сум гладен, јадев – рече Ален, ја зграпчи посилно книгата и нурна подлабоко во неа. – Што јадеше? – се зачуди баба му. – Немаш каснато ништо од утрово. – Ехеее, не знаеш што сѐ не изедов, бабо, куп работи. Остави ме сега, читам. Баба му воздивна и појде накај кујната, за веднаш да се премисли и да се подврати два чекора назад. – А да излезеш малку надвор, сине? Види колку е убаво, сонце, пролет?… – Бабо, цело време сум надвор, како не разбираш? – нетрпеливо одговори Ален, сакајќи побрзо да остане сам со книгата. – Боже, боже, само измислуваш нешто – мрмореше баба му. – Па, треба да најдеш другари… – Бабо! – налутено подвикна Ален. – Имам другари, како не разбираш?! Имам многу другари! Баба му ја заврти главата лево-десно, пак воздивна, а потоа молкум си појде во кујната. Ова дете мошне ја загрижуваше. Од дома не излегуваше, немаше другарчиња како другите деца на негова возраст и не ги оставаше книгите. Убаво …

Пиле во карантин

од Ана Голејшка Џикова Со крилцата тропка нервозно претка сака да излезе Слободно да летка   Кај се најде сега ваков вирус да шета не дозволува гости,  ниту да се лета?   Ќе ги поканам сега Другарчињата на далечина Прво Сонцето Па златната Месечина   Со нив можам да летам без вируси и казни Можам да им пишувам песнички и сказни   Куќичката на пилето од светлина блесна Со Сонцето си игра Му пишува песна   Навечер ја кани Месечината на танци Ќе помине и ова! Сега сите сме Карантинци. Designed by Freepik Од истата авторка:

Лакомото глувче

од Петар Андоновски Бегајќи од стапица да се спаси, глувчето на брод од хартија се качи   По река од дожд почна да плови во лов на нови континенти реши да оди   Пловејќи глувчето какви ли сè чуда не виде, па ниту еднаш не посака дома да си иде   Еден ден се качи на врв  на една пирамида   Друг ден се спушти на дно на едно море да ја види Атлантида   И така пловејќи во излог на една продавница глувчето сиренце виде па посака негово да биде   Лакомото глувче во обид сиренце да фати почна бродот да го клати   И наместо со сиренце во рака глувчето падна во мака   Глувчето сосе бродот во вода се најде крај на морнарска кариера него го снајде Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор:

„Чудна шума“: прво бесплатно е-списание за деца

Неодамна малата независна издавачка куќа „Чудна шума“, со која раководат писателката Билјана С. Црвенковска и фотографот и креативен директор Кире Галевски, почна со издавање на првото бесплатно електронско списание за деца во Македонија – Чудна шума. Списанието засега функционира комплетно ентузијастички, без никаква финансиска поддршка, а секојдневно се пласираат книжевни, забавни и едукативни содржини за децата. – Мислам дека порталот или електронското списание за деца, како што милувате, дојде во вистинското време. „Чудна шума“ е прво и единствено бесплатно списание за деца во Македонија што нуди и книжевни и забавни и едукативни содржини (она што веќе постои кај нас се претежно едукативни платформи, или, пак, портали што се наменети за родителите, а не за децата). Идејата зад ова е-списание е да понудиме бесплатни содржини за читање, не само сега, во периодот кога децата се затворени дома, туку и понатаму, да креираме една мала дигитална библиотека во која партиципираат некои од најдобрите имиња на македонската книжевна сцена и некои од најдобрите илустратори за деца – вели Билјана Црвенковска.– Списанието дојде во вистинското време и затоа што …