Новости
Напиши коментар

„Чудна шума“: прво бесплатно е-списание за деца

Неодамна малата независна издавачка куќа „Чудна шума“, со која раководат писателката Билјана С. Црвенковска и фотографот и креативен директор Кире Галевски, почна со издавање на првото бесплатно електронско списание за деца во Македонија – Чудна шума. Списанието засега функционира комплетно ентузијастички, без никаква финансиска поддршка, а секојдневно се пласираат книжевни, забавни и едукативни содржини за децата.

– Мислам дека порталот или електронското списание за деца, како што милувате, дојде во вистинското време. „Чудна шума“ е прво и единствено бесплатно списание за деца во Македонија што нуди и книжевни и забавни и едукативни содржини (она што веќе постои кај нас се претежно едукативни платформи, или, пак, портали што се наменети за родителите, а не за децата). Идејата зад ова е-списание е да понудиме бесплатни содржини за читање, не само сега, во периодот кога децата се затворени дома, туку и понатаму, да креираме една мала дигитална библиотека во која партиципираат некои од најдобрите имиња на македонската книжевна сцена и некои од најдобрите илустратори за деца – вели Билјана Црвенковска.
– Списанието дојде во вистинското време и затоа што како медиум што им е близок на денешните деца, во време кога и купувањето на книгите е отежнато од повеќе причини: достапност само преку онлајн-продажба, економска нестабилност…

– Она што нѐ охрабрува да продолжиме се секојдневните позитивни коментари што ги добиваме на социјалните мрежи, огромниот одѕив на колегите писатели, кои безрезервно се вклучија во проектот, а и бројките – само за две недели (од првата објавена содржина за деца, до денеска), Чудна шума ја посетија над 5.000 посетители, со над 1.500 прегледи дневно. И ова е само почеток, бидејќи подготвуваме уште многу други интересни содржини. Се надеваме дека оваа наша заложба и напор во ова време ќе бидат препознаени од институциите и дека списанието ќе добие и посериозна финансиска поддршка – посочува Црвенковска.
За „Чудна шума“ пишуваат познати македонски писатели од помладата, но и од постарата генерација. Се објавуваат песни и раскази на: Ванчо Полазаревски, Петар Андоновски, Владимир Лукаш, Ана Голејшка Џикова, Николина Андова Шопова, Калина Малеска, Лидија Димковска, Славе Ѓорго Димоски, Мерсиха Исмајлоска, Живко Гроздановски, Владимир Мартиновски, Румена Бужаровска, Александра Симова, Мира Смаќоска Танеска…

– Ни се приклучија и одлични илустратори: Наталиа Лукомска, Катерина Николовска, Ване Костуранов, Наташа Костовска, Сања Симоска, Доротеј Нешовски, Љубиша Камењаров, Ирина Атанаскова-Ина, Емилија Мишева, Јана Јакимовска…, како и стручни соработници за едукативните содржини во областа на природните науки, како Кирил Арсовски-Пржо. Планираме и проширување со соработници во други области.
Се надеваме само дека ќе бидат препознаени овој напор и залагање на децата да им го направиме позабавен и полесен престојот дома – вели Црвенковска.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s