Day: 26th Март 2020

Гнездо од алги

од Владимир Лукаш Едно ајкулче си пливкало и како пиле си џивкало. Тоа сакало врапче да биде, семки да јаде, на гранка да спие. Мајка му, ајкула од пет метри од која се плашел дури и ветрот, гнездо му сплела од алги, да си џивка низ морските далги. Ајкулчето пораснало во ајкула бела која пловела низ планетата цела. Се дружела со галеби и корморани, си пеела песни со албатроси и пеликани. Секој може да биде тоа што сака, понекогаш лесно, понекогаш со мака. Сеедно дал’ си џуџе ил’ џин, со сите на светот треба да си фин. Илустрација: Љубиша Камењаров Од истиот автор: Творчето Смрдливко Песна за мојата песка 100.001-та песна Братство и единство Магарешка песна

Шумата на џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов

од Мерсиха Исмајлоска Јоханухан Папатакапов Смирнов имаше долго име, но бидејќи џуџе, самиот беше кус и тоа му годеше. Можеше да се шмугне насекаде низ шумата, во секое процепче на карпите, секоја шуплина на дрвата, помеѓу камењата на шумските патеки, можеше да се пикне помеѓу пчелите, тие го сакаа и му даваа да пие од нектарот. Беше висок колку страк трева, а сепак уредно облечен во црвено кадифе и чевли направени од свила… Во шумата на џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов, свилата беше најцврстиот материјал и не беше како обична свила, беше мека, многу мека… Тој често, така дотеран, ќе отидеше до најтајниот извор планинска вода и ќе пееше заедно со изворот, а таа песна можеа да ја слушнат само најпрефинетите детски уши. Како оние на Лина и Давид. Ги убедуваа своите родители дека, освен жуборењето на водата, има и некој нежен глас што пее, но тие не им веруваа… Беа едни од ретките кои доаѓаа таму. Ги сакаа јастребите кои играа на ветерот и кои раскажуваа некои приказни за далечни планински врвови, каде што ги …

Два вируса

од Славе Ѓорѓо Димоски Се сретнале вирусот лав и вирусот страв. Со очи си трепнале.   Се накострешил вирусот лав. Со понизност возвратил вирусот страв:   – Готов си! Ревнал вирусот лав: – Се стопив. Се тишти вирусот страв.   Надалеку реве вирусот лав. Во тешка мака се топи вирусот страв    сè додека  од овој сон не ме разбуди непознат ѕвон. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Песна за снежниот човек