Белите глувчиња

од Живко Грозданоски

Доаѓа крај на светот! Пепел и прав!
Апокалипса, и Страшен суд се спрема!
Заглушуваат крици на очај и страв:
белите глувчиња се изгубија, ги нема!
 
Од сигурни извори бевме дознале дека
нивниот кафез бил најден обиен и празен,
но во близина немало ни хебла, ни чекан,
а и подот бил без траги, светкав и мазен.
 
Еве, пристигнаа полицајците со сирените
ги собраа очевидците за да одговараат,
а старите, младите и бебињата во пелените
се собраа за дружно глувчиња да бараат.
 
Во лабораторијата дојдоа новинари по информации,
се собраа доктори, механичари, судии и психолози,
дојде и премиерот со неколку странски делегации,
дојдоа и записничари, инспектори, зоолози...
 
Така, истрагата најпосле вроди со плод:
во научникот се криела целата вина – 
тој, кутриот, преморен заспал на под,
па глувците успеале катанецот да го скинат.
 
„За белите глувчиња убаво се грижев,
ги хранев, ги чував од утро до вечер...
ги бањав, ги шетав, редовно ги стрижев,
и сè беше во ред“ – научникот рече.
 
„Но, наеднаш како сè да се смени!
И иако ги сметав за најпаметен сој,
глувчињата станаа дрски кон мене,
па сè тргна наопаку!“ – заврши тој.
 
Сега од сите страни извештаи се прибираат,
пуштени се потери од хеликоптери и кучиња,
луѓето, еве, и самостојно се организираат – 
мора да ги спасиме белите глувчиња!

Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s