од Калина Малеска

На морскиот брег стигнавме денес од пристаништето тргнуваме острови безброј сакаме да видиме со брод далеку ќе патуваме. Ајкули кружат во водите сини, китови пливаат, скокаат делфини; бродот плови, морето го сече, на палуба уживаме, сонцето нè пече. Ветер дувна, но бродот мирно плови од силните бранови немам страв. Времето се смирува, облаците бегаат, во фантазијата, ова е одмор прав. Ајкули кружат во водите сини, китови пливаат, скокаат делфини; бродот плови, морето го сече, на палуба уживаме, сонцето нè пече.