од Александра Симова

Ете, дојде денот Овчичката бела Да појде во училиште Дотерана цела. Цела ноќ не спиеше Очињата солзи леат Што ли да облечам Да не ми се смеат? Фустан или шорц? Здолниште или шал? Немам ни идеја А ни совет мал. Ја прашува мама Таа само се смее Го прашува и тато Тој збунето блее. Другарките велат Одиме дотерани! Имаме нова облека И крзна фризирани! Хмм... се замисли овчичката умна. Имам нови обетки Но, патики од лани Имам син фустан Стар, но без маани. И тогаш ѝ светна. Па тоа не е битно! Што и да облечам Важно е да учам итно. Зар мора да е ново? Зар мора да е модерно? Не е важна облеката Туку да се учи вредно.
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.