Новости, Читална
Напиши коментар

Исечоци од „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“

од Билјана С. Црвенковска и Нита Муча

Исечоци од книгата „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ на Билјана С. Црвенковска и Нита Муча

Еднаш, неодамна, токму сега, а можеби и утре, во поблиска или подалечна иднина, си постоеше, си постои или ќе постои – еден град. Се викаше, се вика или ќе се вика – Страшкоград.

За да го олесниме раскажувањето, ќе претпоставиме дека Страшкоград си постои сега, во овој миг, што секако подразбира дека постоел и претходно, а веројатно ќе постои и утре… освен ако во следниве неколку часови во него не удри џиновски астероид, што можеби баш во овој миг ита токму накај него.

Страшкоград се наоѓа во Новостара Непознанија, едно мошне КУЛ место. Огромни планини чиишто врвови се постојано во снег и облаци, мрачни, студени шуми, остри, влажни карпи, пештери со тунели испреплетени како лавиринт, реки што течат нагоре и езера што немаат дно… е тоа е Непознанија.

Многу ЈАКО, нели?

Страшкоград не е голем град. Всушност, баш е мал. Се наоѓа на врвот на Штурид, а до него води тесен, претесен пат. Од десната страна на патот има ужасна бездна. Од оние бездни во кои често се паѓа ако се направи погрешен чекор. Градот го заобиколуваат силни камени бедеми, а во неговото средиште се издига гооолем мрааачен замок (брррр) со име Црнокуле. Замокот, секако, има висока кула со тајно собиче на покривот, како и свој сопствен таен премин, о да! Од оние темни, тесни, влажни тунели што излегуваат надвор од градот и низ кои може да се бега во случај на потреба. Низ градот се извиваат мрачни, тесни улички со калдрма, полни со трошни, сиви куќарки и сомнителни продавнички во кои се продаваат крајно чудни и непознати предмети.

Ништо особено, ќе речете. Вакви градови има насекаде, па што! Не баш! Морам да ви речам дека Страшкоград е еден мошне необичен град. А набргу ќе дознаете и зошто…


Книгата „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ може да се купи онлајн:


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s