од Владимир Лукаш

За верверички има 100.000 песни и во сите строфи – тие се бесни. Везден се пентарат по оџаци, по гранки, од нив раат немаат ни будливци ни спанки. Грицкалки, пентарки, оревки, шумливки, гранкулки, глодарки – прави слободарки. Ги има и летечки – како шумски авиони, а кога се лути се дујат како шарени балони. Но слатки се, нели, ако се бесни. Заслужуваат барем уште 100.000 песни.
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
Од истиот автор: