Day: 30th Март 2020

Хористи

од Владимир Мартиновски Е не се баш исти  Сите хористи:   Некој басира Некој масира Некој фалшира Некој се фолира Некој форсира Некој се секира Некој се нервира Некој сјајно пее Некој не се смее Некој се прчи Некој стално мрчи Некој фаќа терци Некој брка херци Некој крка переци Некој чита ноти Некој по слух се води Некој ич не се поти Некој само отвора уста Некој има желба пуста Некој со гласот мутира Некој супер пее само дур се тушира Некој везден се слика Некој сегде се пика А некој упорно вика:   Сите хористи  Не се баш исти   Но со диригент вреден Звучиме ко да пее еден Илустрација: Филип Мартиновски

Кој живее во самовилската градина?

од Ванчо Полазаревски и Наташа Костовска Кога облак   од радост „плаче“, подава  капка-раче, да расцути  темјанушка, со роза, нарцис…  да се гушка, сите во танц,  во балет – во пролетен  букет.

Братство и единство

од Владимир Лукаш Ги грабнале силни молци кутрите исплашени овци и рува им јадат ли јадат, со волна си се сладат.   „Ве молиме, ќе смрзнеме, ќе се следиме, ќе премрзнеме! Сѐ уште ечи ладната зима, а ние в штала немаме клима…”   „Гајле ни е!”, рекле силните молци и на овчичките им текнала финта: Ќе ги викнат на помош страшните волци да направат интервенција итна.   Пратиле абер по овчарскиот пес кој веднаш в трк се дал. Во брзање го турнал малиот еж кој носел кашмирен шал.   Волците, иако в лов пошле, веднаш в шталата дошле. Ги кренале штетниците на клоци, натепани, побегнале алчните молци.   „Повелете, другари, сиренце бело и свежо млекце – буре цело!” Волците до ситост се најале и како среќни кучиња залајале.   Овците, спокојни, заспале мирно, под ѕвездено небо ширно. И навистина е факт, а не мит, оти овците се на број, а волкот сит. илустрација: Наталиа Лукомска Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Магарешка песна 100.001-та песна