од Владимир Мартиновски

Е не се баш исти Сите хористи: Некој басира Некој масира Некој фалшира Некој се фолира Некој форсира Некој се секира Некој се нервира Некој сјајно пее Некој не се смее Некој се прчи Некој стално мрчи Некој фаќа терци Некој брка херци Некој крка переци Некој чита ноти Некој по слух се води Некој ич не се поти Некој само отвора уста Некој има желба пуста Некој со гласот мутира Некој супер пее само дур се тушира Некој везден се слика Некој сегде се пика А некој упорно вика: Сите хористи Не се баш исти Но со диригент вреден Звучиме ко да пее еден
Илустрација: Филип Мартиновски