од Владимир Лукаш
Ги грабнале силни молци кутрите исплашени овци и рува им јадат ли јадат, со волна си се сладат. „Ве молиме, ќе смрзнеме, ќе се следиме, ќе премрзнеме! Сѐ уште ечи ладната зима, а ние в штала немаме клима..." „Гајле ни е!", рекле силните молци и на овчичките им текнала финта: Ќе ги викнат на помош страшните волци да направат интервенција итна. Пратиле абер по овчарскиот пес кој веднаш в трк се дал. Во брзање го турнал малиот еж кој носел кашмирен шал. Волците, иако в лов пошле, веднаш в шталата дошле. Ги кренале штетниците на клоци, натепани, побегнале алчните молци. „Повелете, другари, сиренце бело и свежо млекце - буре цело!" Волците до ситост се најале и како среќни кучиња залајале. Овците, спокојни, заспале мирно, под ѕвездено небо ширно. И навистина е факт, а не мит, оти овците се на број, а волкот сит.
илустрација: Наталиа Лукомска
Од истиот автор:
Пингување: Љубовна караница – Чудна шума