Day: 31st Март 2020

Жирафата Жижи

од Мира Смаќоска Танеска Жирафата Жижи цел ден само мижи малите жирафчиња тажно веднат главчиња.   Вратче ѝ милуваат планови смислуваат го повикаа Медо забар чуле дека е храбар.    Сега Жижи шизи слатко се насмевнува  потајно потпевнува  ѝ фали една двојка таа неславна бројка. Designed by Freepik

Глувчето со полно меше

од Ана Голејшка Џикова Лакомото глувче сиренце најде заборави на сѐ од јадење зајде!   Го бараа сите другарчиња мали го нема никаде тој – стомаче си гали!   Се тркала Глувчо не може да оди каква згода незгода од лакомост се роди   Го најде мајка Глувчица со прстето го кара „Кој ненаситно јаде помош после бара!“ Designed by Freepik Од истата авторка: Сонливото зајаче Гасеница малечка Пролет Пиле во карантин

Себичната крава

од Румена Бужаровска На дрво се качи себичната крава за цреши да јаде. Без ништо да дава. Помина зајко во шумската сенка кога в око го удри од црешите семка. О, како го фрасна! Ко фати да пече! Но се прибра тој брзо и мирно ѝ рече: „Што правите качена таму о, мадам?“ „Си седам јас сама и цреши си јадам.“ „Ама цреша ова не е. Ова е бука.“ „Си носам во канче” му рече и плукна.  Илустрација: Јана Јакимовска