Month: м.г

Бушави ноти

од Владимир Лукаш Кога животните музика слушаат тие веднаш крзното го бушават. Си замислуваат сјаен подиум и го заклучуваат својот ум  за да не им пречи музиката дур’ ечи. Но, пребирливи се тие, тешко фалш да им се скрие, го слушаат секој тон и внатре и вон. Магарето свири гитара, штурчето – виолина стара, слонот, нели – тромбон а колибрито пее баритон. Мравојадот тропа на тапани и од соседите добива закани: „Ушите ни ги дупна“ – му велат, кај и да е – ќе се селат. А што прави работливата мравка? Ене ја, игра со лудата чавка, а до нив е и смотаниот ној – птицата без чувство за пој. Жирафата секогаш диригира, и со вратот свој тактира, на тие што грешат не им вика зашто е нема како слика. КРЕАТИВЕН ПРЕДИЗВИК ЗА МАЛИТЕ УМЕТНИЦИ Во песничката што ја прочитавте се споменуваат и магаре што свири гитара, мравојад што тропа на тапани, жирафа-диригент… Нацртајте ги овие животни или други животни по ваш избор, како свират, пеат или танцуваат и испратете ни ги на chudnasuma@gmail.com, а …

Додо

од Круме Беќар Португалец јас сум беден но и земјоделец мошне вреден богами и морнар смел да освојувам ми е цел.   Разбрав дека во 10 век Арапите тргнале да бараат лек, па откриле еден остров мал, а Холанѓанец еден име му дал.   Маврициус го нарекол тој и го сметал за остров свој но право на посед имаат и други иако се бедни слуги.   По неколку века тргнав и јас за мојата беда да побарам спас ќе појдам, си реков, на тој остров чуден трудот мој не ќе е залуден.   На брод се качив и тргнав смело со ведар дух и дигнато чело натоварив кокошки, кози и свињи а цел ми беше да посадам дињи.   Пловев долго, мачно и тешко по време влажно, пеколно и жешко но, не жалам веќе за маката моја ја остварив конечно намерата своја.   Од брод слегов и рајот го видов во густите шуми веднаш отидов си зедов мотика, секира и пила и искорнав сè до последна жила.   Си направив нива голема и чиста си …

Птицата Додо

Птицата Додо живеела на Маврициус, остров во Индискиот Океан, но сега таа е изумрена поради неодговорното однесување на човекот. Додо живеела само на овој остров и на ниедно друго место во светот – што значи дека била ендемична само за Маврициус.  Додо птиците не летале, иако имале малечки крилја. Тие ги правеле своите гнезда на земја, па затоа јајцата им биле незаштитени. Но, бидејќи овие птици живееле во комплетна изолација, на остров каде што немало други опасности, тие не се плашеле од луѓето кои дошле на Маврициус во 1507 година – португалските морепловци. Португалците почнале да ги ловат птиците Додо, додека животните што тие ги донеле со бродовите – свињите, стаорците и сл., ги јаделе незаштитените јајца од гнездата на Додо.  Поради ова, птицата Додо како вид изумрела до 1690 година. 

Вулканска песна

од Владимир Лукаш Кога Попокатепетел кукурика, жештина од него блика. Сите в миг се будат, се бунат та се чудат: „В мугри ли најде, петлу стар, ќе си поспиевме – скар! Зошто олку рано нè секираш, сега ли најде да се активираш?“ А Везув пиперки си везе, Фуџи ракиичка си пие со мезе, Етна си плете зимски шал, Кракатау се токми за на бал. Само Попокатепетел шизик се прави, сите бегаат како муви без глави. „Што ви е, луѓе, па само се зезав!“ – рече низ смеа вулканот блескав. Илустрација: Иван Ивановски Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени Љубовна караница Желка на елка Сон, слон и балон Дилема Ало Јамболијава се продава? Време е за станување!

Попокатепетл

Попокатепетл е активен вулкан во Мексико и е втората највисока планина во оваа држава (5,426 метри), по Пико де Оризаба. Името Попокатепетл значи „Планина што чади“ и доаѓа од ацтечките зборови попока (што значи чад) и тепетл (што значи планина). Но, вулканот е познат и под имињата Ел Попо или Дон Гојо.

Најмалиот џин Џуџо и најголемото џуџе Џино (аудио-верзија)

од Николина Андова Шопова Читаше: Марија Каева Дизајн на звук: Тони Стевковски Илустрација: Наталиа Лукомска Прочитајте ја песната ТУКА.