од Ванчо Полазаревски

Во околинава мојава па и твојава се случува жална појава. На сите страни којзнае од каде збрани, сè повеќе има дембели најмалку 100 отсто повеќе од лани. За тоа да се спречи, да се лечи, да нема безброј дембели под итно треба организирање многу маскенбали. Навистина, деца мили На ТВ тоа го изјави лично, проф. д-р Апри-ли-ли-ли. На маскенбали треба да има гуштерки-вештерки, самовили-профитерки, принцези со протези за убави заби, бубамари маскирани во стари баби, сто деца, како стоногалки, или едно по едно, божемски богомолки. На тие маскенбали не смее да фали, да има кловнови, деца мали деца слатко смешни, кловнови и странски и овдешни. Со нив да се и нивни најдругарки, восхитени и со исцртани срценца заштитени. И што уште не, на тие ваши маскенбали: Вампир што сам од себе се плаши, смешка што плаче, да плаче смешка тоа не е грешка. Да има плачка што се смее, да се смее плачка и тоа грешка не е. Покрај плачка и оперска певица-квачка и џиновска црна мачка, со ножици пат да сечи од суеверие да лечи. Да има ова и бааѓи од она најмалку печес тона! И никако без солена бонбона. И да не се лажеме, деца мили, сево ова е вистина, жими мудроста на проф. д-р Апри-ли-ли-ли!
Илустрација: Наташа Костовска
Од истиот автор:
Reblogged this on mmhumanity.
Ми се допаѓаМи се допаѓа