од Ванчо Полазаревски

1. Што пат мина?! Од исток до запад, Од север до југ... и тоа на шина. На патници им нуди удобен превоз, а се вика... (кликни тука за одговорот) 2. А виде папрат ела, нека го запрат. Со сурлата долга може да ја испие и реката Волга. Почитува бонтон, иако тежи цел тон. Погодивте, тоа е господинот (кликни тука за одговорот) 3. Три очи имам, воопшто не гледам, ама сообраќајот будно го следам. (кликни тука за одговорот) 4. Водата е негов дом, мустаќи има и се вика (кликни тука за одговорот) 5. Невидлив е а сее страв. Ако често миеш раце не ти може ништо, ќе си бидеш здрав. (кликни тука за одговорот)
Од истиот автор: