од Владимир Лукаш

Малата коала евкалиптуси јаде и вртливи бумеранзи од Абориџините краде. Тивка е и мирна, сака да си спие и штом чуе лаеж в гранки се крие: „Ах, тој динго – песот див, некој пак му е крив! По цел ден вреви гласно, ништо не му е јасно! Лае на змии, на кенгури ‘ржи, скока како улав, место не го држи!“ Воздивнува тажно и си готви чорба. Па, што ако е мече, сепак е торбар.
Од истиот автор: