од Фросина Пандурска Драмиќанин

Си биле седум сестрички.
Се викале: Црвена, Портокалова, Жолта, Зелена, Сина, Темносина и Виолетова.
Понекогаш се сакале, но понекогаш се карале околу тоа која од нив е најубава.
А, всушност, сите биле убави, особено кога биле заедно.
Еден ден кога небото плачело, посакале да го расположат. Се договориле да се сплетат една со друга, како плетенка.
Тогаш и Сонцето било најсреќно и ги осветлило со своите зраци.
Оттогаш сестрите ги завикале Ѕуница.
Sуница, тоа е исто што и виножито, исто што и божилак – три имиња за седумте сестрички.
Задача: нацртај ѕуница или обој ја ѕуницата што ќе ја најдеш тука.
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.