од Александра Симова

Го викнале на двобој На старото мовче Младото теленце Со скршено рокче. Плаче ли, плаче На мајката си крава Како да се борам Без рог на глава? Синче мое умно, Ти си толку мудар Сигурно ќе победиш Без да дадеш удар. Се мислело телето Што е скриен адут? Но, чаре немало За противникот лут. Дојде и денот суден Телето на двобој пошло Натежнало мовчето Од животните што дошле. Застанал јарецот Со рогови бесни Оваа битка судна Нема да е лесна. Тргнува едниот Тргнува другиот Рогот остар блесна Телето запеа песна! Јарецот подзина збунет. Што е ова, си вели. Како ли да се борам Телето пее песни цели! Се разнежни рогот лут Му падна и срам, и жал Ова не е убаво, не! Двобој? Веќе ни во кал! Си пружија копитца Се поздравија дружно И продолжија заедно На ливадата јужно. Оттогаш, цела шума знае. Скршен или не, Рогот не е важен Дружбата да се чува И никој да не е тажен!
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
Од истата авторка: