од Владимир Лукаш

Една капка во вода се шлапка, се фрла на глава – каскадерка права! Низ мориња плива, ги освојува за час, ептен ја бива – вистински ас! Јапонците ја викаат Цунами-сан и радосно кликаат кога јава на бран. А таа, тивка, срамежлива како стих, си пливка ли си пливка низ океанот тих.
Илустрација: Љубиша Камењаров
Од истиот автор: