Day: 6th Април 2020

Духот Плух

од Владимир Лукаш Има еден дух, многу страшен, ух! Животните Плух го викаат и од страв ко жапци икаат.   Со очи црвени и шепи дрвени, со кактуско тело боцкаво цело.   Ноќе завива, часовници навива и без да се труди сите ги буди.   На животните им се смачи Плух да ги мачи и викнаа истерувач на духови – специјалист за плухови.   Тој постави мамки, секакви замки, зад дрво се скри и изброја до три.   И, што се случи? Тоа, дете, ти одлучи. Напиши во една строфа  среќен крај на оваа катастрофа. Илустрација: Лукаш Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо

Пролет, лето, есен, зима

Антонио Вивалди од Владимир Мартиновски Во Венеција секоја нова пролет Воздухот мириса на свеж полен Па внатре во нас паѓаат сите бремиња Дур свират Четирите годишни времиња.   Во Венеција секое ново лето На сите им е ужасно жешко Па секој како знае да се разлади проба Дур свират Четирите годишни доба.   Во Венеција секоја нова есен Гондоли пловат по каналот тесен Дур паѓаат лисје се јадат канелони И се свират Четири годишни сезони.   Во Венеција секоја нова зима Оркестарот за нов концерт се штима Се носат шалови врз вратови, капи на темиња  И пак се свират Четирите годишни времиња. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik. Од истиот автор: Хористи

Шумско диско

од Ана Голејшка Џикова Во шумата чудна со весели бои еден мал локал гордо си стои на него пишува „Шумско диско“ дозволена е забава музика и пискот Диџејот Вервер музика си рока, а зајакот Белчо на панк рок си скока Диско-топка светка кума Лиса бара песна волчици во фустани со кореографија лесна ежиња на шанк полнат мали чашки шотови со сок од дренки за женки и за машки подиумот полн со животинки од музика се тресе нема кој не стапна во „Шумско диско“ а да не е весел. Од утро до мрак таму музика ечи им е гајле за вируси забава не се лечи! Илустрација: Катерина Николовска Од истата авторка: Сонливото зајаче Гасеница малечка Пролет Пиле во карантин Глувчето со полно меше