Песни, Списание „Чудна шума“
Напиши коментар

Пролет, лето, есен, зима

Антонио Вивалди

од Владимир Мартиновски

Во Венеција секоја нова пролет
Воздухот мириса на свеж полен
Па внатре во нас паѓаат сите бремиња
Дур свират Четирите годишни времиња.
 
Во Венеција секое ново лето
На сите им е ужасно жешко
Па секој како знае да се разлади проба
Дур свират Четирите годишни доба.
 
Во Венеција секоја нова есен
Гондоли пловат по каналот тесен
Дур паѓаат лисје се јадат канелони
И се свират Четири годишни сезони.
 
Во Венеција секоја нова зима
Оркестарот за нов концерт се штима
Се носат шалови врз вратови, капи на темиња 
И пак се свират Четирите годишни времиња.

Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik.


Од истиот автор:

Напишете коментар