Day: 7th Април 2020

Балада за паунот далтонист

од Владимир Лукаш Паунот далтонист не е како другите ист. Со опашот не се перчи, зашто не знае дека дречи.   В огледало се гледа, и што ќе види – беда! Од глава до опаш – цел, за себе е црно-бел.   Чудни очи има, колор не му штима, за него шарената пролет е бела како зима.   А бои има тој, илјада на број! Жолти, сини, виолетови, му завидуваат сите цветови. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik. Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух

Жирафо, луда главо

од Славе Ѓорѓо Димоски Жирафо, луда главо, тебе храна кој ти дава?   Жирафо, премудро око кој бистар те пои поток?   Жирафо, горда дамо навали се и шепни ми само:   Што има над облакон, горе? Дали и таму има море?   Или златни палати со илјада тајни врати?   Жирафо, горда дамо, навистина, што има таму? Designed by Freepik Од истиот автор: Два вируса Песна за снежниот човек