од Владимир Лукаш

Паунот далтонист не е како другите ист. Со опашот не се перчи, зашто не знае дека дречи. В огледало се гледа, и што ќе види – беда! Од глава до опаш – цел, за себе е црно-бел. Чудни очи има, колор не му штима, за него шарената пролет е бела како зима. А бои има тој, илјада на број! Жолти, сини, виолетови, му завидуваат сите цветови.
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik.
Од истиот автор: