од Славе Ѓорѓо Димоски

Жирафо, луда главо, тебе храна кој ти дава? Жирафо, премудро око кој бистар те пои поток? Жирафо, горда дамо навали се и шепни ми само: Што има над облакон, горе? Дали и таму има море? Или златни палати со илјада тајни врати? Жирафо, горда дамо, навистина, што има таму?
Од истиот автор: