Day: 8th Април 2020

Едно слонче сони

од Мира Смаќоска Танеска Едно слонче сони  дека надвор врнат бонбони ко авиончиња со пратки  облачињата фрлаат слатки.   Едно слонче сони дека надвор врнат балони облачињата меки мазни пуштаат балони разни.   Нашето слонче гладно сонува дека му е ладно од облачињата меки нежни  навистина почнува да снежи.  Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истата авторка: Жирафата Жижи

Еден був рече „Уф“

од Ванчо Полазаревски – Уф – рече  еден був. – Се раздени и оваа среда, и ете, пак ништо не се гледа. Одвај чекам да падне мрак, да си гледам пак. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара