Чудна шума препорачува…
Денеска во нашата читална почнуваме една нова рубрика: препорачуваме добри книги за деца од неколку издавачи кои можете да ги читате заедно со вашите мали-најмили. 🙂

Сликовница за малиот був-сонувач, „Сонувалко“ на Сања Михајловиќ-Костадиновска и илустрации на Наталиа Лукомска, во издание на Бегемот.
„Сонувалко, има време за сонување, подготви се на училиште!“ – му велеше мајката на малото бувче. Но, дали навистина има време? Ќе ја сонува ли утре пак Белата топка на небото?
Прочитајте извадок од сликовницата ТУКА или симнете го извадокот како пдф-документ ТУКА.

Романот „Арно ама“ на Калина Малеска и илустрации на Владимир Лукаш, во издание на Или-или.
Добредојдовте во светот на волшебните сказни и реалните приказни, за деца мали и возрасни.
Прочитајте извадок од романот ТУКА.
Романот можете да го најдете во книжарницата Или-или.

Е-сликовница за учење на броевите преку цртежите на илустраторката Наташа Костовска и стиховите на писателот Ванчо Полазаревски.
ЕДЕН еж, едно јаболко носи дома, да ѝ го дари на ежица мома.
Прочитајте ја е-сликовницата ТУКА.

Илустрираниот роман „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ на Билјана С. Црвенковска и илустрации на Нита Муча, во издание на Чудна шума.
Книга за едно многу посебно девојче од еден многу посебен град. Книга со две корици. Книга која се чита од наопаку (од проста причина што понекогаш работите треба да ги погледнеме од друг агол, за да можеме да ги разбереме). Едноставно – книга нопак!
Прочитајте извадок од романот ТУКА.