Day: 9th Април 2020

Најчитани песни (март)

Драги мали и големи читатели, во прилог вашата листа: најчитаните песни на Чудна шума во месец март. „Себичната крава“ од Румена Бужаровска, илустрација Јана Јакимовска „Вљубеното прасе“ од Петар Андоновски „Најмалиот џин Џуџо и најголемото џуџе Џино“ од Николина Андова Шопова, илустрација Наталиа Лукомска „Хористи“ од Владимир Мартиновски, илустрација Филип Мартиновски „Творчето Смрдливко“ од Владимир Лукаш (текст и илустрација) „Загрижената овчичка“ од Александра Симова „Сонливото зајаче“ од Ана Голејшка Џикова „Лакомото глувче“ од Петар Андоновски „Песна за мојата песка“, текст и илустрација Владимир Лукаш „Два вируса“ од Славе Ѓорго Димоски „Пролет“ од Ана Голејшка Џикова „Братство и единство“ од Владимир Лукаш, илустрација Наталиа Лукомска

Завеаното магаре

од Румена Бужаровска „Да се рика или не? Прашање е сега!“ си мислеше магарето сред летната жега. „Пекол е животов, или пак рај е?“ чекореше тој, не знаејќи кај е. Завеано барајќи за мислите сенка, заталка тој во поле со пченка. Наоколу: жолта, бескрајна шир – од глетката тој си изгуби мир! И тогаш од жешкото пченката пукна: од пуканките бучава стравотна букна. „Што ли е ова? Сред лето снег врне?“ изусти тој пред од страв – да се смрзне.  Илустрација: Јана Јакимовска Од истите авторки: Себичната крава Грдиот крт

Безболна песна

од Владимир Лукаш Една страшна лавица – шумската убавица, маскирана во зајче стапна на ’рѓосано шајче. „Оф, леле, ама пече!” – насолзено таа рече; „Зошто боса в шума скитам и како бесна глиста итам?” „Што ти е, лавице, шумска убавице?” – праша Оли, мравојадот,  доселеник од градот. „На шајче згазнав, ич не пазам! Сега солзи ронам и в болки тонам…” „Изеди цвет од пиперче луто во зенитот на цутот и ќе ти мине за миг, додека кажеш дама пик.” Лавицата касна од цветот, велат – најлут на светот и како домат се вцрви, јазикот ѝ се здрви. „Мравојаду, ти си луд! Кралот ќе те стори шут! Устата ми зовре ко лава, ми гори целава глава!” „А шепата те боли?” – праша мравојадот Оли. „Шепата? О, навистина, болката сосем истина… Мравојаду, прости, дојди ни утре на гости. На ручек ќе ни дојдат јато чавки, ќе ти зготвиме печени мравки.”   И така, ново пријателство се роди, в шумата која нит’ се тера нит’ се води, населена со животни чудни и безброј приказни будни. Илустрација: Наталиа Лукомска …

Креативен предизвик на Чудна шума и Детски креативен центар – МКЦ

Детски креативен центар МКЦ во соработка со е-списанието за деца Чудна шума ги повикува сите мали креативци да нацртаат цртеж (во техника по нивен избор) и/или да напишат приказна или песна инспирирана од песните за деца на авторот и илустратор Владимир Лукаш. Во предизвикот можат да се вклучат сите деце кои имаат желба да творат: да цртаат или да пишуваат песнички и раскази. Песните на Владимир Лукаш можете да ги прочитате подолу, а творбите треба да се споделат ТУКА, во дискусијата на фејсбук настанот на Чудна шума и Детски креативен центар, како пост од текст и/или слика. Селекција од цртежите и тесктовите ќе биде објавена на Чудна шума. Песни за деца од Владимир Лукаш: СОН, СЛОН И БАЛОН Слон врз слон врз слонстојат на шарен балон.Зајко ги гледа,зема една кредаи почнува да ги цртаврз куќата на кртот.„Зајко, покрив ќе ми урнеш,оџак ќе ми турнеш!Помести се еден метароти ќе го видиш свети Петар!”– кртна Владо, кртот лути му седна на Зајко в скут.„Нани, нани, крту Владои сонувај цело стадоовци што те стрижатдур очички ти мижат.”Кртот заспива …