од Румена Бужаровска

„Да се рика или не? Прашање е сега!“ си мислеше магарето сред летната жега. „Пекол е животов, или пак рај е?“ чекореше тој, не знаејќи кај е. Завеано барајќи за мислите сенка, заталка тој во поле со пченка. Наоколу: жолта, бескрајна шир – од глетката тој си изгуби мир! И тогаш од жешкото пченката пукна: од пуканките бучава стравотна букна. „Што ли е ова? Сред лето снег врне?“ изусти тој пред од страв – да се смрзне.
Илустрација: Јана Јакимовска
Од истите авторки: