Day: 10th Април 2020

Тажната лама

од Александра Симова Чекорела по патот Со сестра ѝ, а сама                                                  Со очи полни солзи Една мала лама.   Зошто ли, зошто Дада ми се лути? Па не ѝ го испив Зеленото смути!   Се мислела, но џабе. Не можела да сфати Зошто сестрата лама Збор нејќе да ѝ врати.   И кога виде солзичка В око како блесна Се сепна, ѝ текна На маичката тесна.   Не плачи, даде,  Тоа не е за писок Па што ако имаш Две-три кила вишок?!   Еве нова маичка Широка, со туфни И дојди брзо со мене Да јадеме крофни! Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истата авторка: