од Ванчо Полазаревски

Мирно, без брзаница природата родна секои три месеци приредува ревија модна. Сè се преоблекува во бои со нов сјај, лето – есен – зима – пролет, манекенки се, знај. Најнова е сега ревија модна, настапува пролетта згодна. Ливадата, прчла на високо се крева, пак ќе се носела посланица од цвеќиња врз зелена трева. Планината стресе снежни сметови, се топори со илјадници цветови. Никнува сè и сешто, па се случува често, кандидати да има сто, а една педа место.
Илустрација: Наташа Костовска
Од истиот автор:
Reblogged this on mmhumanity.
Ми се допаѓаМи се допаѓа