Day: 11th Април 2020

Вљубени хиени

од Владимир Лукаш Ени, мени, сени, си играат две хиени во сува савана, без вода, без храна, под небо широко како китовско око. Сени, ени, мени, слободата ги плени: им кркорат стомаците, ги чешаат песјаците, но тие се две и доволни си се. Мени, сени, ени, бројат месечеви мени под ѕвезди легнати, како коњи невпрегнати, како капки љубов низ вселена што јурат. Илустрација: Наталиа Лукомска Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна