од Владимир Лукаш

Ени, мени, сени, си играат две хиени во сува савана, без вода, без храна, под небо широко како китовско око. Сени, ени, мени, слободата ги плени: им кркорат стомаците, ги чешаат песјаците, но тие се две и доволни си се. Мени, сени, ени, бројат месечеви мени под ѕвезди легнати, како коњи невпрегнати, како капки љубов низ вселена што јурат.
Илустрација: Наталиа Лукомска
Од истиот автор: