Day: 14th Април 2020

Љубовна караница

од Владимир Лукаш Еден орел од љубов горел кон врабицата Рина – шумската балерина. Цвеќе ѝ носел, гнездо ѝ косел, ѝ правел смешки и одел пешки до планинскиот врв да ѝ набере црв. Нејзиниот сокол драг, стокмен во фрак, згоден како пес, го фатил бес: „Орлу, кога ќе те фатам, сто пердуви ќе ти скратам! Подалеку од Рина, зашто ќе те шинам!“ Орелот, од страв, се сторил зрно грав и како мало маче почнал да плаче. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени

Лина свири на виолина

од Владимир Мартиновски Кога Лина свири на виолина И на виола ја следи Дина Цело маало се буди  И сè живо се чуди   Кога Лина вежба музички скали Бабите се веселат ко деца мали Кога на виолина свири Лина Дедовците пијат ретки вина   Кога Лина свири на виолина Се затвораат сите можни кина На плоштадот се мести бина За на сите да им свири Лина   Кога Лина има виолина в рака Најлесно на свет е да се сака Од истиот автор: Хористи Пролет, лето, есен, зима