од Владимир Лукаш

Еден орел од љубов горел кон врабицата Рина – шумската балерина. Цвеќе ѝ носел, гнездо ѝ косел, ѝ правел смешки и одел пешки до планинскиот врв да ѝ набере црв. Нејзиниот сокол драг, стокмен во фрак, згоден како пес, го фатил бес: „Орлу, кога ќе те фатам, сто пердуви ќе ти скратам! Подалеку од Рина, зашто ќе те шинам!“ Орелот, од страв, се сторил зрно грав и како мало маче почнал да плаче.
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
Од истиот автор: