Day: 15th Април 2020

Една мала тревка

од Огнен Неделковски Една мала тревка Од утрово зевка, Не е мис со убавина, Не е ни детелина, Обична тревка, Зелена и тенка, Не е ниту на игралиште, Ниту пред забавиште, Ниту на пристаниште… Небитна тревка, Од утрово зевка, Чека барем мравка, Да завртат танго, Или барем чавка, Да долета кратко… Обичната тревка, Со сонце што се бори, Кравата ја лапна И млеко се стори! Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Designed by Freepik

Пливај, рипке…

од Фабиен Бертомје Имам една СИНА, и ЗЕЛЕНА, и ЦРВЕНА, Едната се смее, двете други мрдаат. Имам и ЖОЛТА, ЛИЛАВА и КАФЕАВА Сите на блузава ќе си ги ставам.    Имам и една ЦРНА, и БЕЛА, и СИВА, Ако ги разделам – нема да ги бива. Собрани заедно личат на ѕуница Чудесно изгледа нивната убавина!   Рипки мои мали, во различни бои Ве сакам сите, затоа што ве посвоив! Сега танцувајте, пријателки мои Пливајте слободно, откако ве обоив!    препев од француски: Калиопа Петрушевска Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.

Кутриот носорог

од Владимир Лукаш Што бара носорог на дрво качен? Чека пехар да му врачат? Тој носорог-ас со верверички стас што глас го бие дека шета кога спие, се испентарил високо како горд сокол и сега му фуфка од ветрот што дувка да не го бутне, наземи да го кутне. Тој добро знае што е гравитација и сега се кае оти не е авијатичар. Илустрација: Катерина Николовска Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени Љубовна караница