од Владимир Лукаш

Што бара носорог на дрво качен? Чека пехар да му врачат? Тој носорог-ас со верверички стас што глас го бие дека шета кога спие, се испентарил високо како горд сокол и сега му фуфка од ветрот што дувка да не го бутне, наземи да го кутне. Тој добро знае што е гравитација и сега се кае оти не е авијатичар.
Илустрација: Катерина Николовска
Од истиот автор: